Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОДНИНИТЕ МОЛЕА ДА ГО ОСЛОБОДАТ: Хамас тврди дека деветмесечното бебе загинало во израелско бомбардирање

РОДНИНИТЕ МОЛЕА ДА ГО ОСЛОБОДАТ: Хамас тврди дека деветмесечното бебе загинало во израелско бомбардирање

Палестинците велат дека најмладиот заложник во Газа загинал. 

Хамас тврди дека најмладиот заложник, бебе од 9 месеци загинало при израелско бомбардирање. 

Пред ослободувањето на денешната група заложници, вооруженото крило на Хамас објави дека најмладиот заложник, бебето Кфир Бибас, загинало заедно со неговиот четиригодишен брат Ариел и нивната мајка Шири. Таткото, кој е во заложништво, не го споменаа. 

„Израелските одбранбени сили ја проверуваат точноста на оваа информација“, соопшти војската.

Кфир е најмладото меѓу 30-ината киднапирани деца. Претходно,  роднините упатија специјален апел за ослободување на семејството Бибус. 

Израелски функционери кажаа дека продолжувањето на примирјето ќе биде невозможно ако не ги пуштат сите жени и деца. Израел проценува дека Хамас држи доволно жени и деца за уште два-три дена примирје.

Борците на палестинската терористичка група Хамас досега ослободија 60 израелски заложници, а уште 21 странец, главно Тајланѓани, беа пуштени. 

Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел. Тие бараат формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим.

foto AP

Слично

Поврзани вести