Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОДНИНИ НА ПОЧИНАТИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ СЕ СОБИРААТ НА МЕСТОТО: Хорор на карневал во Белгија

РОДНИНИ НА ПОЧИНАТИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ СЕ СОБИРААТ НА МЕСТОТО: Хорор на карневал во Белгија

Неколку четири луѓе загинаа, а давесетина се повредени кога автомобил удри во група собрана на карневал во мало гратче во јужна Белгија.

Медиумите наведуваат дека најмалку четири лица загинале кога автомобилот удрил во толпата собрани во неделата во зори на прославата во Стрепи-Бракени, што е 30 милји јужно од Брисел. Моментно таму се собираат роднини на убиените и на повредените. Владее траорна атмосфера.

Градоначалникот Жак Гобер изјави за радиото RTBF дека автомобил кој возел со голема брзина ги погодил луѓето одзади со голема брзина. 

Имаме неколку десетици повредени и за жал неколку луѓе кои се убиени“, изјавил тој

Белгиските медиуми соопштија дека лицата во автомобилот биле приведени и дека несреќата можеби била предизвикана од автомобил кој го бркала полицијата, но државната телевизија РТБФ соопшти дека е закажана прес-конференција за подоцна утрово.

Гоберт рече дека околу 150 луѓе се собрале за да се подготват за годишната фолклорна парада која беше откажана во изминатите две години поради коронавирус

„Најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и повредените во инцидентот утринава“, рече белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден.

Фото: EPA/STRINGER

Слично

Поврзани вести