РОДНИНА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ОБВИНЕТ ЗА ЗЛУПОТРЕБА НА МОМЧЕ (11): Еве како се утврдило!
43 години по неговата смрт, Лорд Маунтбатен беше обвинет за
злоупотреба на 11-годишно момче во дом за деца.
Артур Смит тврди дека во 1977 година, кога имал 11 години, Маунтбатен двапати го злоставувал во озлогласениот детски дом Кинкора во Северна Ирска.
Лорд Маунтбатен, вујко на принцот Филип и братучед на кралот Џорџ VI (таткото на кралицата Елизабета II), е убиен две години подоцна кога ИРА постави бомба на неговата јахта.
Пред пет години, државната истрага откри дека во Кинкора биле малтретирани најмалку 39 момчиња. Смит, кој сега има 56 години, тврди дека прво бил сексуално злоставуван од домашниот работник Вилијам Мекграт, познат како „Ѕверот од Кинкора“.
Тој наведува дека тогаш, во август 1977 година, г-дин Мекграт го запознал со елегантен непознат човек кој двапати го злоставувал.
„Мекграт ми кажа дека ќе се сретнам со посебен пријател. Потоа ме одведе во соба, голема канцеларија со огромно биро. Не го кажа името на човекот. Прво ме натера да се истуширам", рекол Смит, а пренесе Дејли Мејл.
„Не можете да заборавите кој ве малтретирал“
Жртвата рече дека сфатила кој е неговиот насилник дури во 1979 година, откако неговите фотографии биле објавени во весниците поради напад на ИРА.
„Не можеш да заборавиш кој те злоставувал. Верувај ми. Се обидуваш да го заборавиш, но не можеш. Не сум зборувал за тоа со години. Бев засрамен од тоа што се случи, но сега сакам мир", раскажа Смит.
Портпаролот на Бакингемската палата одби да го коментира случајот пред два дена.
Фото: Printscreen/Youtube
