Економија, финансии, бизнис

Контакт

Родителите останале на одмор во Амстердам, децата со дедото се качиле на кобниот лет!

Родителите останале на одмор во Амстердам, децата со дедото се качиле на кобниот лет!
Меѓу патниците на соборениот авион на Малезија Ерлајнс се наоѓаа и 12-годишниот Мо Маслин, 10-годишната Иви и 8-годишниот Отис од Австралија. Децата тргнале на пат заедно со нивниот дедо Ник Норис за да се вратат навреме во Перт, каде што наскоро им почнувала учебната година. Нивните родители ја избегнале кобната несреќа на малезискиот авион, бидејќи одлучиле да останат на одмор во Амстердам уште неколку дена, а дедото се нафатил да ги врати внуците во Австралија и да ги подготви за училиште. Авионот на Малезија Ерлајнс, кој леташе на релација Амстердам-Куала Лумпур беше дел од врзан лет кон Австралија, но се урна надлетувајќи ја источна Украина. Од компанијата објавија дека авионот бил исправе, а од илотите не добиле никаква тревога за помош. Во несреќата загинаа сите 298 патници и членови на екипажот. Малезија Ерлајнс, соочена со две огромни трагедии за само четири месеци, вети дека ќе им ги врати парите на сите патници кои ќе одбијат веќе да летаат со авионите на оваа авиокомпанија.
Слично

Поврзани вести