Родителите на морнар кој почина на американски носач на авиони: Зошто морнарицата чекаше толку долго?
Родителите на морнар кој почина од самоубиство додека се наоѓаше на бродот „Џорџ Вашингтон“ - еден од седумте членови на екипажот кои починаа изминатата година, вклучително и четворица од самоубиство - го оквалификуваа одговорот на морнарицата како „смешен“.
Џон Сандор и Мери Графт, родители на припрадник на вооружените морнари Ксавиер Хантер Мичел Сандор, за Си-Ен-Ен изјавиле дека иако нивниот син не дал многу детали за условите на носачот, сепак потенцирале дека искуството е „ужасно".
- Луѓето не треба да живеат вака – кажал Џон Сандор, цитирајќи зборови од неговиот почина син, кој им се јавувал од автомобилот и им кажал дека редовно недостасува топла вода за да се истушира.
Од понеделникот, повеќе од 200 морнари се преместени од носачот во блискиот објект на морнарицата по повеќекратните смртни случаи од самоубиство меѓу екипажот, вклучително и три лица кои починале за помалку од една недела во април. Морнарицата на САД соопштила дека смртта се случила за време на процес на ремонт и долгогодишно полнење гориво на носачот во бродоградилиште во Њупорт Њуз во Вирџинија. Морнарицата отвори истрага за командната клима и култура на носачот од класата Нимиц.
- Тој ја сакаше својата работа. Ги работеше своите 12-часовни смени. А како се спие на носач на авиони со силни лупања, чад и страшен мирис во текот на денот? Значи, тој би спиел во својот автомобил. Тоа е едноставно ужасно. Ниту еден морнар не требаше да живее на тој брод во тие услови - рекол Џон Сандор за својот син, кој имал 19 години.
Тој исто така посочил дека несреќата можела да се спречи, особено загубата на неговиот син доколку надлежните реагирале порано.
- Знаејќи што се случува со екипажот пред него, ова можеше да се случи многу одамна и мојот син сѐ уште ќе беше жив. Не знам зошто ѝ требаше толку време на морнарицата да дејствува. Мораа да чекаат дури седум лица да почина за да направат промени? Смешно е – потенцира Сандор.
