РОДЕНА НАСЛЕДНИЧКАТА НА ФЕЈСБУК: Цукенберг стана татко и ќе го донира богатството!
Основачот на Фејсбук Марк Цукенберг и неговата ќерка Присила Чан станаа родители на девојче на кое му го дадоа името Макс.
Во чест на доаѓањето на наследникот на свет, Цукенберг на својот профил напиша порака која допре до многумина:
„Драга Макс,
Твојата мајка и јас уште немаме зборови со кои би опишале колкава надеж ни си во иднина. Твојот живот е полн со ветувања и се надеваме дека ќе бидеш среќна и здрава да го истражиш во целост...“.
Целото писмо може да го прочитате тука.
Сопственикот на Фјесбук Марк Цукенберг и неговата сопруга соопштија дека ќе подарат 99 одсто од своите акции во оваа компанија во добротврони цели.
Тие оваа вест ја соопштија додека го објавуваа раѓањето на ќерката Макс.
Цукенберг во соопштението кое го објави на Фејсбук наведе дека богатството ќе го подари бидејќи сака светот да биде подобро место во кое Макс ќе живее.
Вредноста на акциите кои Цукенберг и сопругата планираат да ги подарат се проценуваат на 45 милијарди долари.
Своето богатство тие ќе го дадат за борба против болести, унапредување на богатството, користење на зелена енергија, намалување на сиромаштијата и промовирање на еднакви права.
За да ги остварат тие цели ќе основаат нова организација Иницијатива Чан Цукенберг.

