Роден е во работничко семејство, работел и како возач на автобус: Koj e Николас Мадуро?
Николас Мадуро, претседателот на Венецуела кого САД го зароби е роден во работничко семејство на 23. ноември во 1962 година. Мадуро е син на поранешен лидер на синдикат.
Работел и како возач на автобус.
Важи за голем подржувач на Уго Чавез, неговиот претходник.
Мадуро стана пратеник откако Чавез беше избран за претседател на Венецуела во 1998 година.
Потоа стана претседател на Националното собрание, а подоцна и министер за надворешни работи. Чавез го избра за негов наследник, а по неговата смрт, Мадуро стана претседател во 2013
година.
За време на неговото владеење, земјата доживеа драматичен економски колапс обележан со хиперинфлација и хроничен недостиг на производи. Владеењето на Мадуро е познато по наводно наместени избори, недостиг на храна и кршење на човековите права, вклучително и сурово задушување на протестите во 2014 и 2017 година. Милиони Венецуелци емигрираа во странство.
Неговата влада беше предмет на строги санкции од страна на САД и други земји. Во 2020 година, Вашингтон го обвини за наркотероризам, корупција и други кривични дела, што Мадуро го негира.
Во јануари 2025 година, Мадуро положи заклетва за трет мандат по изборите во 2024 година кои беа оценети од меѓународните набљудувачи и опозицијата како нефер и наместени. Илјадници луѓе кои протестираа против прогласената победа на власта беа затворени.
Репресивните мерки на владеењето на Мадуро беа дополнително нагласени со доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2025 година на лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, на која властите во Каракас ѝ забранија да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.