Економија, финансии, бизнис

Контакт

Роботи ќе ги заменат берачите на јагоди во Јапонија

Роботи ќе ги заменат берачите на јагоди во Јапонија
Роботи ќе берат јагоди во Јапонија, објавија медиумите во Токио. Уредот што беше претставен неодамна, ќе придонесе да се намали работата на берачите дури до две третини. Роботот ќе може да ги собира плодовите на секои осум секунди, користејќи при тоа три камери, за да утврди кои плодови се зрели и да ги стави во својата кошница. Машината ќе биде повисока од просечен човек - околу два метри и ќе се движи помеѓу редовите јагоди на шини. Прво ќе го пресметува степенот на зрелост на јагодите и дури потоа ќе го пресметува точното растојание до "целта". Производство на јагоди е доста тешко и бара околу 70 пати повеќе енергија отколку на пример одгледувањето на ориз, домати или краставици.  
Слично

Поврзани вести