Економија, финансии, бизнис

Контакт

Робокап опрема за улични патроли

Робокап опрема за улични патроли
Полицајците во Лондон добиле наредба додека патролираат тоа да го прават исклучиво само во парови, опремени со панцир и најсовремено оружје. Оваа одлука ја донел помошникот комесар за борба против тероризам, Марк Роули, поради стравувањето дека на улиците во англиските престолнини би можело да се повтори сценариото од Париз. „Ја напуштаме старата практика според која во уличните патроли полициските службеници можеа да се движат поединечно. Во овие околности тоа е навистина многу опасно“, рекол Роули, потсетувајќи дека во нападите во Франција биле убиени три полициски службеници. Тој на припадници на патролните единици им порачал дека мора да се заштитат не само на работното место, туку и за време додека доаѓаат на работа и се враќаат дома. „Немојте да го носите горниот дел од униформата под јакна додека патувате во јавниот превоз. Определете се за цивилна облека“, советувал Марк Роули. Британските медиуми во петокот пренеле дека на улиците во Лондон се распоредени уште неколку стотици полициски службеници кои визуелно потсетуваат на култниот лик од филмот „Робокап“. До сега градот го штителе околу 2.700 тешко вооружени полициски службеници. Зајакната била и контролата на граничните премини, со цел да се спречи внесување на автоматско оружје во земјата.
Слично

Поврзани вести