Економија, финансии, бизнис

Контакт

Роберт Фицо: 1 милион евра за оној кој ќе помогне во истрагата за убиството на истражувачкиот новинар и неговата девојка

Роберт Фицо: 1 милион евра за оној кој ќе помогне во истрагата за убиството на истражувачкиот новинар и неговата девојка

Веднаш по убиството на истражувачкиот новинар и неговата девојка премиерот на Словачка, Роберт Фицо објави награда од еден милион евра за секој кој ќе им помогне на властите да дознаат кој стои зад убиството на словачкиот истражувачки новинар и неговата девојка, пронајдени мртви вчера во својот дом, пренесе агенцијата „Асошиејтед прес“.

Инаку, новинарот Јан Куциак работел за електронското издание „Актуалити“ (aktuality.sk). Неговите извештаи главно биле посветени на случаи на даночни измами. Според полицискиот началник Тибор Гашпар најверојатна верзија, по која работи истрагата, е дека убиството е поврзано со работата на Куциак.

Во меѓувреме, германската издавачката куќа „Аксел Шпрингер“, од која е дел сајтот, истакна дека има „основано сомнение“ за врска меѓу убиствата и неговата работа. Од таму велат дека ќе им помогнат на словачките власти во истрагата за тоа што се случило и тоа ќе ги мотивира дури уште посилно да застанат зад независното новинарство.



Слично

Поврзани вести