Економија, финансии, бизнис

Контакт

РИЗИКОТ ОД ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА СО ДЕЛТА, ДВОЈНО ПОВИСОК ОД ПРЕТХОДНО: Во „Лансет“ објавена најнова студија

РИЗИКОТ ОД ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА СО ДЕЛТА, ДВОЈНО ПОВИСОК ОД ПРЕТХОДНО: Во „Лансет“ објавена најнова студија

Според истражувањето објавено денеска во престижното научно списание „Lancet Infectious Diseases“, ризикот од хоспитализација поради инфекција со делта варијанта на ковид-19 е двојно поголем отколку во случај на инфекција со првичната алфа варијанта.

Научниците од Универзитетот во Кембриџ и Агенцијата за јавно здравје на Англија анализираа повеќе од 40.000 случаи на ковид-19 во Англија од крајот на март до крајот на мај 2021 година.

Резултатите објавени денеска главно се однесуваат на невакцинираните, а за целосно вакцинирани, не може да се извлечат заклучоци од анализираните податоци. Досега, студиите генерално покажаа дека делтата е повеќе заразна, но нема сигурни податоци за ризикот од тешка форма на болеста од ковид-19.

Истражувачите откриле дека ризикот од хоспитализација е во просек 2,26 пати поголем ако заразата е со делта варијантата на вирусот.

Од 40.000 случаи во студијата, само 1,8 проценти биле целосно вакцинирани, што истражувачите го толкуваат како потврда за високата ефикасност на вакцината.

Од заразените луѓе кои ги анализира студијата студијата, 74 проценти биле невакцинирани, а 24 проценти делумно вакцинирани.

„Нашата анализа нагласува дека во отсуство на вакцинација, секоја епидемија во која доминира делта ќе наметне поголем товар на здравствениот систем отколку алфа епидемијата“, рече една од авторките на студијата, Ана Пресанис од Универзитетот Кембриџ.

„Целосната вакцинација е клучна за намалување на ризикот од индивидуална симптоматска инфекција на делта и, подеднакво важно, за намалување на ризикот од тешка болест и хоспитализација на пациент заразен со делта“, додаде таа.

Делта е прв пат детектирана во Индија, каде што првично го носеше називот индиски сој. Сега е доминантна во многу земји, а експертите очекуваат таа да преовладува над другите варијанти на глобално ниво, освен ако не се појави уште позаразен вид.


Слично

Поврзани вести