Економија, финансии, бизнис

Контакт

РИВАЛИ НА ХАМАС: Koи се Палестински исламски џихад?

РИВАЛИ НА ХАМАС: Koи се Палестински исламски џихад?

Палестинците имаат повеќе терористички групи. Палестински исламски џихад имаше водач кого израелските шпиони го убија на Малта.

Палестински исламски џихад е втората по големина вооружена група во Газа. Се смета за една од најекстремните палестински вооружени фракции, а дејствува и на Западниот Брег. Израелците ги обвинија џихадистите за смртоносната експлозија што се случи вчера кај болницата Ал Ахли во Газа. Тие имаат свои резерви на ракети и минофрлачи, а пред еден месец нивното воено крило, бригадите Ал Кудс, броеше неколку стотици борци, сметаат аналитичарите.

Џихадистите отфрлаат каков било политички мировен процес и гледаат воена победа над Израел како единствен начин да ја постигнат својата цел за формирање исламска држава низ Израел, Западниот Брег и Газа. 

Не е јасно колкумина останаа живи откако значителен дел од тие сили беа ангажирани во нападите на 7 октомври што резултираа со израелско бомбардирање на Газа. 

Иако често тесно соработуваше со Хамас, сепак се работи за две ривалски групи. Стратешките, идеолошките и меѓучовечките разлики одамна го спречуваат нивното вистинско зближување. Палестинскиот исламски џихад отсекогаш останал таинствен, со поделена клеточна структура, за разлика од масовната мобилизација што ја фаворизира Хамас, пишува Гардијан.

Photograph: Shadi Al-Tabatibi/AFP/Getty Images

Слично

Поврзани вести