РИШИ СУНАК Е ДВОЈНО ПОБОГАТ ОД КРАЛОТ ЧАРЛС: Екс банкарот во Goldman Sachs фаворит за британски премиер
Познатиот британски милионер, Риши Сунак, зет
на индискиот милијардер Нарајана Марти, основач компанијата Infosys Ltd, по
откажувањето на Борис Џонсон од премиерската трка, е фаворит за оваа функција
во Велика Британија. Ако го изберат, тој ќе биде првиот со индиско потекло кој
ќе седне во премиерската фотелја на Дауниг 10. Неколку интересни факти за Сунак кој е роден
родена во Велика Британија
Сунак и неговата сопруга, Акшата Мурти, седат на богатство од околу 730 милиони фунти - приближно двојно од проценетото богатство од 300-350 милиони фунти на кралот Чарлс III и Камила.
Пред да влезе во политиката, тој уживаше во успешна деловна кариера. Започна да работи „во малата хемичарска продавница на мајка“ и оттаму тргна кон врвот. Тој е ко-основач на голема инвестициска фирма, работејќи со компании од Силиконската долина до Бенгалуру.
Сунак е роден во Саутемптон од индиски родители, пензионираниот лекар Јашвир и фармацевтката Уша Сунак. Бил ученик на Винчестер колеџот, а потоа студирал политика, филозофија и економија на Универзитетот Оксфорд.
За време на изборите за премиер во Обединетото Кралство оваа година, Сунак нашироко се сметаше за ѕвезда во подем на Конзервативната партија. Всушност, претходно, веб-страницата ConservativeHome го наговести како „следниот премиер“.
ФОТО: EPA/ANDY RAIN