Римокатоличката црква доби поглавар
На плоштадот Свет Петар арггентинскиот кардинал Хорхе Марио Бергољо стигна со бел отворен џип. За неговата безбедност се грижеа околу 3000 полицајци. Тој денеска официјално беше интронизиран во поглавар на Римокатоличката црква, пред околу 200,000 луѓе во Ватикан.
Цел Рим беше опколен од полициски хеликоптери, а над градот беше забранет било каков прелет на авиони.
Пред почетокот на церемонијата Франциск се помоли на гробот на Свети Петар во базиликата. Потоа излезе на плоштадот со околу 180 кардинали, патријарси и архиепископи.
Слично
