Ријад: Американски државјанин осуден на 16 години затвор поради критикување на владата
Осудата на Алмади е најнова во серијата случаи во кои
саудиските судови изречеа долги затворски казни за објави на социјалните мрежи
кои ја критикуваат владата.
Американски државјанин е осуден на 16 години затвор во Саудиска Арабија бидејќи ја критикувал владата на земјата на Твитер, пренесува АП.
Саад Ибрахим Алмади (72), кој освен американско државјанство има и државјанство на Саудиска Арабија, беше уапсен во ноември минатата година кога беше во посета на семејството кое живее во таа земја, изјави неговиот син за АП, додавајќи дека на 3 октомври бил осуден на 16 година затвор.
Фото: фреепик
Слично
