Ричард Бренсон: Ja oтворивме Пандорината кутија
Одлуката за иднината на Велика Британија се базираше на лажни ветувања и беше донесена од мал дел од вкупниот број гласачи, пишува претприемачот Ричард Бренсон.
Откако во петокот наутро станаа јасни резултатите од референдумот, Британците гласаа за напуштање на ЕУ, сфатија дека всушност се отвори Пандорината кутија полна со негативни последици, додава тој.
Кампањата за Брегзит беше предводена од загрижени граѓани кои советуваа да не се слушаат „експертите" и „паничарите".
„Објаснуваа како економијата ќе биде во ред. А уште во првиот ден откако станаа јасни резултатите во корист на Брегзит, 2 трилиони долари беа избришани од цените на акциите во светот. Британските пазари загубија повеќе пари за еден ден, отколку што се средствата кои земјата ги платила од моментот на влегувањето во ЕУ досега (повеќето од овие средства онака се вратија во земјата како субвенции). Овие загуби се одразуваат на сите - пензии, работни места, плати, владини приходи. Тие ја туркаат Британија кон рецесија, која ќе го направи уште потешко обезбедување на основните јавни услуги“ - објаснува Бренсон.
Постарите луѓе нема да страдаат од последиците од животот надвор од Европа, смета тој. Веќе се чувствуваат огромни последици за економијата на Велика Британија, и за општеството. Брегзит наштети на државата повеќе од кој и да е друг настан во блиското минато.
