Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рибарскиот брод во Охотско Море се превртел поради голем товар

Рибарскиот брод во Охотско Море се превртел поради голем товар

Основната верзија за причините за бродската несреќа на рибарскиот брод во Охотско Море е превртувањето .

Претседателот на Комисијата за вонредни ситуации во рускиот Камчатски крај Сергеј Хабаров соопшти дека најверојатно инцидентот е предизвикан поради превртување на бродот.

Тој додаде дека според прелиминарните податоци во инцидентот преживеале 56 луѓе, седуммина од нив се во тешка состојба. Од командата на бродот единствениот преживеан е третиот морнар Анатолиј Марвинюк.

Бројот на спасувачите, кои работат во Охотско Море, каде пред неколку часа потона рускиот рибарски брод „Далечен Исток“, бил дуплиран и во моментов на местото на инцидентот работат околу илјада и четиристотини души, пренесе РИА Новости.

Досега се пронајдени педесет и четворица загинати, а судбината на уште петнаесет засега е непозната.

Слично

Поврзани вести