Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рибар пронајде торба со човечки дланки

Рибар пронајде торба со човечки дланки

Торба во која имало 54 човечки дланки е најдена на брегот на реката Амур кај градот Хабаровск во Сибир, на истокот од Русија. 

Торбата ја нашол локален рибар. Тој згазнал една од рацете која стрчела од замрзнатото тло, пишуваат руските медиуми. 

Полицијата отвори истрага за случајот. Иако на социјалните мрежи има разни верзии, руските медиуми објавија дека полицијата досега открила дека станува збор за медицински остатоци, поточно биолошки отпад кој е нелегално отфрлен и дека рацете не се последица на какви било експерименти врз луѓе ниту имаат врска со канибализам, сериски убиец или продажба на човечки органи.

Според законот, таков отпад треба да се кремира или закопа во специјални гробници.


Слично

Поврзани вести