Економија, финансии, бизнис

Контакт

Резови во „Старбакс“: Компанијата отпушта речиси 300 вработени во САД

Резови во „Старбакс“: Компанијата отпушта речиси 300 вработени во САД

Компанијата „Старбакс“ соопшти дека ќе отпушти речиси 300 вработени во САД, што претставува околу 3 отсто од нејзината работна сила за поддршка во земјата. Потегот е дел од стратегијата на компанијата наречена „Враќање кон Старбакс“, со која раководството сака да ги намали трошоците, да ја поедностави организацијата и да го насочи бизнисот кон траен и профитабилен раст.

Од компанијата наведуваат дека раководителите внимателно ги разгледале своите функции за да го „изострат фокусот“, да ги постават приоритетите во работењето и да ја намалат сложеноста на организацијата.

- Како резултат на тоа, укинуваме приближно 300 работни места за поддршка во САД - соопштија од „Старбакс“.


Компанијата исто така ја преиспитува и својата меѓународна организација за поддршка, бидејќи сака да се фокусира на улогата на „светски лиценцор“. Поради тоа, се очекуваат дополнителни влијанија врз работните места и надвор од САД, пренесуваат медиумите.

Во соопштението се наведува и дека „Старбакс“ ќе затвори дел од регионалните канцеларии за поддршка. Ова е дел од пошироките промени во работењето на компанијата, која во последниот период се обидува да ја подобри ефикасноста и профитабилноста.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести