Економија, финансии, бизнис

Контакт

Резников вели дека руските зборови не вредат ништо

Резников вели дека руските зборови не вредат ништо

Руските зборови не вредат ниту за хартијата на која се напишани, вели украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников. 

„Што да правиме? Решението е јасно. Русија победува кога ќе успее да нè раздели, кога ќе нè нападне еден по еден користејќи ги своите ресурси. Но, Русија губи и се повлекува кога ја губи иницијативата и кога напаѓа на заеднички отпор“, рече Резников.

Резников, присуствуваше на донаторска конференција за Украина во Копенхаген со данскиот министер за одбрана, Мортен Боедски, и британскиот министер за одбрана, Бен Валас.

Украинскиот министер им се заблагодари на Боедски и Валас за континуираната поддршка и го издвои американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, чија помош исто така ја цени. Војната почна на 24 февруари. Засега не е на повидок договор меѓу двете завојувани страни. Секој ден гинат цивили. 

Слично

Поврзани вести