Резников тврди дека Русија ќе напаѓа и други земји
Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников вели дека Русија ќе напаѓа и други земји.
Резников кажа дека од почетокот на инвазијата загинале 150 украински деца, уништени се повеќе од 400 училишта и градинки и повеќе од 110 болници, пренесоа британските медиуми.
„Русија спроведува државен тероризам во Украина и ќе продолжи да напаѓа други земји“, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников во Лондон.
Вели дека затоа Кремљ мора да се запре, бидејќи ќе оди понатаму.
Руските сили утрово ја нападнале и Одеса.
Украина ја повика Кина да одигра „важна улога“ во решавање на конфликтот.
Слично
