Економија, финансии, бизнис

Контакт

Резников се надева дека бројот на убиени е помалку од 100.000

Резников се надева дека бројот на убиени е помалку од 100.000

Украинските власти објавија дека десетици илјади Украинци се убиени од почетокот на руската инвазија на земјата. 

Податокот го соопшти украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников. Тој во интервју за Си-ен-ен одби да даде точни бројки за украинските загуби, но, изјави дека се надева дека „бројот е помал од сто илјади“. Резников не се сложува со најновата проценка на САД за убиени 16.000 руски војници од почетокот на инвазијата. Тој верува дека бројот на нивните жртви е значително поголем.

Во Донбас во Украина дневно гинат од 200 до 500 украински војници. 

Шефот на фракцијата на партијата Слуга на народот во Врховната Рада и шефот на украинската делегација на мировните преговори со Русија Даид Арахамија за време на посетата на САД, како што пренесува „Аксиос“ кажал дека загубите на Украина во убиени и ранети во Донбас изнесуваат и до илјада луѓе дневно. Денеска е 113-от ден од почетокот на војната. 

Слично

Поврзани вести