Економија, финансии, бизнис

Контакт

Резников планира да вооружи милион украински борци бидејќи ги чекаат тешки недели

Резников планира да вооружи милион украински борци бидејќи ги чекаат тешки недели

Украина сака да вооружи милион луѓе за „нова, долга фаза на војна“. 

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников  се надева дека ќе вооружи милион борци.

Резников во објава на Фејсбук соопшти дека Украина „ќе треба внимателно да ги планира ресурсите и да избегне грешки за да победи во војната“. Веќе, рече тој, Русија претрпе стратешки пораз. Министерот вели дека Украина ја чекаат многу тешки недели.

„Никој не може точно да каже колку недели. Во тој период ќе се браниме првенствено со свои средства од непријателот полуден од бес“, напиша тој.

Украинците ги спречиле руските сили да поминат клучна река во источна Украина. 

Се појавија разузнавачки информации дека војната во Украина ќе доживее пресврт во август и ќе трае до крајот на годинава. 

Денеска е 79-ти ден од почетокот на војната во Украина. 

Слично

Поврзани вести