Економија, финансии, бизнис

Контакт

Резников откри каква тактика користат руските војници на југот од Украина

Резников откри каква тактика користат руските војници на југот од Украина

Властите во Украина признаа дека воените дејствија на југот се забавени. 

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников призна дека операцијата на југ е забавена. Во интервју за јапонскиот телевизиски канал NHK, Резников изјави дека руските вооружени сили ги користат каналите за наводнување како ровови. Првата фаза од стратегијата на украинската армија била задржување на вооружените сили на Русија, втората била стабилизирање на линијата на фронтот, а третата e актуелната контраофанзива. Тој верува  дека вооружените сили на Украина ќе напредуваат до почетокот на зимата. Украинскиот министер изјави дека украинското боиште е всушност прилика за западниот воен пакт да го тестира своето оружје.

„Имаме осум различни 155-милиметарски артилериски системи на терен, така што тоа е како натпревар меѓу нив за да се види кој е најдобар“, додаде Резников. 

Претходно, заменик-шефот на проруската воена управа на Херсон Кирил Стремусов, изјави дека вооружените сили на Украина немаат шанси да ја поместат одбранбената линија во регионот. Неодамна беа објавени видеа од жестоки битки во Херсон, каде возилата на двете завојувани страни се разминуваат. Војната во Украина почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести