Економија, финансии, бизнис

Контакт

Резников кажа колку руски, а колку украински војници гинат дневно

Резников кажа колку руски, а колку украински војници гинат дневно

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников тврди дека околу 500-600 руски борци убиваат дневно низ целата земја, а Украина губи една десетина од таа бројка. Кажа дека Украина де факто веќе е дел од НАТО. 

Тој објасни дека на Украина ѝ треба време да се прегрупира додека чекаат нова пратка оружје. Резников рече дека е сигурен дека Украина ќе добие „тенкови, борбени авиони и оружје со долг дострел за погодување цели и од 300 километри“.

„Имам војна во мојата земја. Тие ги напаѓаат моите градови, мојата болница, моите градинки, моите училишта. Убија многу цивили, многу цивили. Тие се војска од силувачи, убијци и разбојници. Што е следно ниво на ескалација?“, изјави Резников за Би-би-си.

Резников не верува дека неговите коментари ќе се сметаат за контроверзни.

Украина претходно објави дека досега во нивната земја загинале над 100.000 руски војници, но Русија е воздржана и не ги соопштува загубите. 

Вагнер групата според американски извори е присутна во Србија, за што веќе има реакции до српските власти. Вагнер позиционирал луѓе во Белград минатиот декември.

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести