Економија, финансии, бизнис

Контакт

Резников кажа до кога би траела војната во Украина и која е нивната главна цел

Резников кажа до кога би траела војната во Украина и која е нивната главна цел

Украина верува дека ќе ја победи Русија. 

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека војната со Русија може да трае долго и со болни загуби за украинската страна, но дека Украина дефинитивно ќе победи. Вели дека имаат многу подмолен непријател. 

„Војната може да биде долга, бидејќи е вистински маратон. Допрва ќе имаме болни загуби. За да ги победиме Русите и да не го пренесеме овој проблем на идните генерации, мора да разбереме дека главната работа е набавката на оружје“, нагласи министерот говорејќи на „VI Меѓународен форум на ветерани“, пренесе ТСН.

Според него, победата не е поврзана само со деокупација на територијата, туку, како што наведе, важно е окупаторите да не помислат никогаш да се вратат. 

„Меѓутоа, тоа е тешка задача. Многу луѓе во светот сè уште веруваат дека тоа е невозможно. Меѓутоа, Украинците веќе докажаа дека имаат поинаква идеја за тоа што е можно, а што е невозможно, така што ние сигурно ќе победиме“, рече Резников. 

Резников изјави дека ако минатата година на Украина и требаше оружје за да преживее, сега клучот за победата на Украина е „она што луѓето го чувствуваат“ – единство и подготвеност за борба“. 

Во тек е украинската контраофанзива, која се одвива бавно, но Украинците вршат напади и на руска територија. Пред година и пол почна руската инвазија на Украина. 

Слично

Поврзани вести