Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕЖИМОТ НА АСАД ПАДНА: Колку Сиријци се вратиле дома?

РЕЖИМОТ НА АСАД ПАДНА: Колку Сиријци се вратиле дома?

За викендот, бунтовниците го соборија режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад кој избега во Русија, а неколку илјади Сиријци се вратиле назад во татковината. Оние кои беа во соседството, се вратиле дома.

Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) денеска информираше дека сириските бегалци сè уште не се враќаат во татковината.

„Околу 3.000 повратници ја преминале турската граница од минатиот викенд, кога падна режимот на Башар ал Асад. Претходниот ден, 2.000 повратници ја минаа границата од Либан“, изјави  претставникот на УНХЦР, Гонзало Варгас Љоса преку видео врска од Дамаск.

Тој додаде дека голем број сириски бегалци го одложуваат своето враќање поради тоа што во Сирија сè уште не се воспоставени законот и редот. Како што објасни Љоса, повратниците сакаат не само мирна политичка транзиција и помирување по годините на граѓанска војна, туку и меѓународна помош за обнова на земјата.

УНХЦР вчера објави дека во 2023 година околу 6,4 милиони Сиријци ја напуштиле земјата, од кои 5,1 милиони живеат во соседните земји – Египет, Ирак, Јордан, Либан и Турција. Во Турција сместени се 3,2 милиони Сиријци, во Либан 784.900, во Германија 705.000 и во Јордан речиси 650.000. Внатрешно раселени се 7,2 милиони луѓе.

Штом се појави веста дека режимот на Асад е соборен, политичарите во Европа почнаа да зборуваат дали е време сириските бегалци масовно да се вратат дома.

Конзервативните политичари во Германија побараа од владата да подготви план за враќање на Сиријците. Асад доби азил во Русија. 

Слично

Поврзани вести