Револуција – нов еко дизел
Популарната со своите моќни и економични дизел мотори, германска компанија Audi изгради иновативна фабрика за производство на синтетички горива. Таа може да создава до 160 литри e-diesel на ден, а за целта користи само вода, воздух и зелена енергија, појаснуваат компанијата.
Според информациите, синтетичкото гориво ќе се создава преку т.н. Power-to-Liquid принцип ("електрична енергија, која се претвора во течност" - метод при кој различни технички процеси водат до производство на течни горива), и има потреба како суровини исклучиво од јаглерод диоксид, вода и електрична енергија.
Процесот е прилично комплексен, но од Audi појаснуваат дека потребниот јаглерод диоксид се екстрахира од воздух со помош на метод за директно воздушен фаќање развиено од Climeworks. Во друг дел на фабриката се врши физичко-хемискиот процес електролиза со помош на "зелена енергија", преку кој водата се дели на водород и кислород. Водородот потоа реагира со јаглерод диоксид во два хемиски процеси, извршени при температура од 220 степени целзиусови и притисок од 25 бари. Така се добива енергетска течност, составена од јаглеводороди соединенија, кој се нарекува Blue Crude.
Објектот на Audi може да произведува до 160 литри Blue Crude на ден, а околу 80% од добиената течност може да бидат претворени во синтетички дизел, нарекуван уште e-diesel. Од компанијата појаснуваат дека горивото нема содржина на сулфур и е запаливо. Синтетички дизел може да се меша во било кој сооднос со обичниот дизел.
Фабриката е позиционирана во Дрезден, Германија. Компанијата има и сличен објект во Долна Саксонија, која произведува синтетички метан.
K.K.
Слично
