Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рецесија и се заканува на француската банка

Рецесија и се заканува на француската банка
Во четвртото тримесечие на годинава Банк де Фран предвидува дека  се очекува намалување на БДП за 0,1 отсто.  Гувренерот на банката сепак има доверба дека Франција ќе успее во текот на 2013 година да го сведе државниот дефицит на 3 отсто. Ако предвидувањата на банката се потврдат, тоа ќе биде прва рецесија за Франција од пролетта 2009 година. Засега во првичните предвидувања, Националниот институт за статистика (ИНСЕ) проценува дека БДП ќе продолжи да стагнира во третото и четвртото тримесечие. Ова ќе биде петто тримесечие по ред на стагнација, што досега е незапаметено од крајот на Втората светска војна. За целата 2012 година ИНСЕ предвидува пораст од 0,2 отсто на француската економија, додека владата предвидува 0,3 отсто, што треба да и дозволи да го сведе јавниот дефицит на 4,5 отсто на крајот од годината. За 2013 година, владата останува на своето предвидување за пораст од 0,8 отсто, ниво кое според многу економисти исто како и од Европската комисија се оценува како оптимистичко сценарио, која предвидува 0,4 отсто пораст за Франција во 2013.
Слично

Поврзани вести