Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕСТРИКЦИИ: Италијанците за празниците можат да примаат само двајца гости

РЕСТРИКЦИИ: Италијанците за празниците можат да примаат само двајца гости

Италија се затвора за Божиќ и Нова година. 

Италија е во „црвена зона“, што значи дека сите ресторани, барови и несуштински продавници ќе бидат затворени, а Италијанците ќе смеат да патуваат само за работа и поради здравствени и итни случаи. 

На сила останува и полицискиот час од 20 до пет часот.

„Ова не беше лесна одлука. Нашите експерти беа сериозно загрижени дека за Божиќ ќе има голем пораст на бројот на заразени и затоа моравме да дејствуваме“, изјави премиерот Џузепе Конте.

Италија е европска земја со најголема смртност од ковид-19, од кој досега починаа скоро 68.000 луѓе.

Новите мерки во Италија ќе бидат на сила од 24 до 27 декември, 31 декември-3 јануари, како и на 5/6 јануари. Во овие денови, ќе смеат да се примаат само двајца гости.

Повеќето европски земји воведоа рестрикции за празниците. 

Слично

Поврзани вести