Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ресторан во Њујорк продава тишина за 40 долари

Ресторан во Њујорк продава тишина за 40 долари
Кога се јаде, треба да се молчи, за целосно да уживате во храната. Така смета млад ресторан во Њујорк, кој на своите клиенти им нуди јадење во целосна тишина. Ресторанот и чудните експерименти веднаш наидоа на симпатии кај своите обожаватели, особено во град каде тишината е луксуз. Така, за да вечера човек во Eat , треба да си направи резервација неколку дена порано. Причина за тоа е и дека ресторанот располага со 25 места , што е и предуслов за интимната атмосфера во тишината која ја нуди . „Сакам да им дадам можност на луѓето да уживаат во храната и да ја цениме со особено внимание. Ова често е невозможно за време на бучни вечери, особено во град како Њујорк ", ја објаснува неговата филозофија, сопственикот Николас Наум, кој има само 28 години. Забраната е не само за зборување, но и за користењето на секаков вид компјутери и телефони. Храната се служи на долги дрвени маси, а јадењата се подготвени од биопродукти, доставени од фарми во регионот. Готвач е исто младата Елза Шмит. Тишината се прекинува на крајот на вечерата, по десертот. Тогаш Николас Наум им се заблагодарува на своите гости, по што тие аплаудираат. Првичната идеја на Наум била да експериментирате со една тивка вечера месечно. Силниот интерес сепак го прави брзо да премине кон една тивка вечера неделно. Се сервираат четири чинии, а цената е 40 долари плус бакшиш, што е добра цена, според многумина, за малку тишина во Њујорк.
Слично

Поврзани вести