Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ресторан во кој можете да платите со остатоците од вечерата

Ресторан во кој можете да платите со остатоците од вечерата
Австриската дизајнерка, Вера Видерман, отвори во Виена необичен ресторан со името Biomat , во кој можете да отидете со остатоците од синоќешната вечера , а во замена да добиете свежо подготвена храна. Во локалот, кој е во престижна област на австрискиот главен град има 50 места. Идејата на сопственичката е да ги натера луѓето да сфатат каква вредност има храната и што значи енергетската вредност на она што го фрлаат . Во ресторанот има скали кои пресметуваат приближна енергетска вредност на храната. Откако ја донираат храната која инаку би ја фрлиле , клиентите добиваат свеж послужавник или пијалок со истата вредност на калории. Остатоците од храната се складираат на посебно место зад ресторанот , а потоа се ставаат во посебен тркалезен компостер и заминуваат во инсталација за производство на биогориво . Добиениот метан потоа се користи за подготовка на храна.
Слично

Поврзани вести