Решавачка битка против Исламска држава во Мосул
Ирачката војска помогната од различните милициски сили ги започна новите офанзивни акции со кои планира да и го нанесе последниот удар на Исламска држава која со години има упориште во Ирак и речиси целосно е опколена.
Портпаролот на ирачката војска рече дека ирачките владини сили поддржани од САД ја преземале контролата над стариот град во Мосул, последната област која беше под контрола на Исламска држава.
„Ние сме на само неколку метри од реката Тигрис, напредокот на ирачката војска поддржана со воздушни напади е одличен“, изјави бригадниот генерал Јехиа Расул денеска за државната телевизија.
Неговата изјава доаѓа истовремено со извештаите дека владините сили се очекува да ја преземат целосната контрола над Мосул кој милитантите од Исламска држава го заземаа во 2014 година.
Офанзивата за преземање на Мосул од ИД почна во октомври. Ирачките сили објавија дека источниот дел од градот е целосно ослободен во јануари.
