Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕСЕТИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ: Путин го дочекува Ердоган

РЕСЕТИРАЊЕ НА ОДНОСИТЕ: Путин го дочекува Ердоган

Шефот на руската држава Владимир Путин и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе се состанат денеска во Санкт Петербург.

Се очекува на личниот состанок двајцата лидери да му дадат одлучувачки импулс на процесот на воспоставување на рдуко-турски односи после осмомесечната криза која настанала откако во ноември 2015 турски авион собори руски бомбардер Су-24 во Сирија.

„Претстои сериозна размена на мислења како, со кое темпо и на кој начин ќе ги реставрираме нашите односи“, изјави пред состанокот прес секретарот на Русија Дмитриј Песков.

Во интервју за агенцијата Тас Ердоган пред својата посета на Русија ја нагласил важноста од претстојниот самит.

„Тоа ќе биде историска посета, нов почеток. Во разговорот со мојот пријател Владимир, верувам ќе се отвори нова страница во билатералните односи. На нашите земји им претстои да направат многу работи заедно-рекол тој.

Слично

Поврзани вести