Економија, финансии, бизнис

Контакт

Републиканците сакаат да го заменат Трамп со друг кандидат

Републиканците сакаат да го заменат Трамп со друг кандидат

Анонимна анкета на весникот „Politico“ ги засили шпекулациите дека раководството на Републиканската партија во САД сакаат кандидат претседателот Доналд Трамп да биде отстранет од предзиборната трка. „Politico“ анкетирал голема група влијателни републиканци во 11 држави, кои се сметаат за најважни во претстојните претседателски избори.

„Мнозинството од активистите на „Големата стара партија“ - 70% рекоа дека сакаат Трамп да ја напушти трката и да биде заменет од друг кандидат.

Истовремено, многу од нив истакнуваат и тоа дека Трамп ги влече назад оние кои се кандидираат за места“, наведува „Politico“.

Според активист од Флорида, во партијата се плашат од „деструктивните ефекти“, кои Трамп може да ги покаже на изборите за Конгрес на државно ниво.

Во моментов Трамп заостанува од Хилари Клинтон со 7 процентни поени. Советници на милијардерот посочуваат дека тој ќе се фокусира на конфронтацијата со Клинтон, а не со сопствената партија

Слично

Поврзани вести