Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОР НЕ СЕ СЛОЖУВА СО ТРАМП: Путин треба да биде во затвор или да биде погубен

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОР НЕ СЕ СЛОЖУВА СО ТРАМП: Путин треба да биде во затвор или да биде погубен

Двајца републиканци се оградија од ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за рускиот лидер Владимир Путин. 

Двајца истакнати републикански сенатори, сенаторот Роџер Викер од Мисисипи и сенаторот Џон Кенеди од Луизијана, го критикуваа Путин и се чини дека се разидоа со претседателот Доналд Трамп во врска со преговорите за  ставање крај на војната во Украина. Викер, кој е и претседавач на Комитетот за вооружените сили во Сенатот, порача дека Путин треба да биде осуден, па и егзекутиран.

„Не, на Путин не може да му се верува. Тој е воен злосторник. Тој треба да биде во доживотен затвор – или дури и да биде погубен“, рече Викер, пренесоа медиумите. 

Американска и руска делегација вчера имаа средба во Ријад, Саудиска Арабија за да разговараат за крај на војната во Украина, која трае три години. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести