Економија, финансии, бизнис

Контакт

Републиканците ќе доминираат и во Конгресот и во Белата куќа

Републиканците ќе доминираат и во Конгресот и во Белата куќа

Републиканската партија го зголеми мнозинството во Конгресот на САД, по убедливата победа за народни избраници освоена на денот на претседателските избори кои ги доби Доналд Трамп, па ќе доминираат и во Белата куќа и на Капитол Хил. 

Републиканската партија на САД сега го зголеми мнозинството во Сенатот за едно место, по победата во вториот круг во државата Луизијана, пренесе ДПА.

Кандидатот на републиканците Џон Нијли Кенеди, кој во моментов е одговорен за финансиите на сојузната држава Луизијана, убедливо го победи противникот демократ Фостер Кембел.

Со оваа победа, републиканците веќе имаат 52 места во Сенатот наспроти 48 за демократите. Тие имаат мнозинство и во долниот дом на Конгресот - Претставничкиот дом. 


Слично

Поврзани вести