Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ренци: Русија треба да излезе од Украина

Ренци: Русија треба да излезе од Украина

Премиерот на Италија Матео Ренци, кој на крајот на февруари и почетокот на март најпрво ќе го посети Париз а потоа и Москва, порачал дека „сите би биле мирни кога Русија би се вратила на преговарачката маса на меѓународната заедница“, но дека пред тоа „Мора да излезе од Украина“.

„(Претседателот на Русија Владимир) Путин, е одговорен за кршење на интегритетот на Украина. Ќе се обидам да му пренесам порака: ако Русија се врати на масата на меѓународната заедница, сите ќе бидеме мирни, но за да се дојде до масата, јасно е дека Путин мора да излезе од Украина“, рекол Ренци во емисијата „In mež''ora“.

По повод состојбата во Либија, Ренци рекол дека е потребно поголемо ангажирање на меѓународната заедница во таа земја и дека Средоземјето претставува стратешко прашање за следните 30 години.

Рецни ќе го посети Париз во вторник, на 24 февруари, а Москва во почетокот на март.

Слично

Поврзани вести