Рено ќе крати 7.500 работни места
Околу 7.500 работни места во Франција ќе укине Рено, бидејки бележи пад на продажбата и произвотството.
Според најавите на компанијата околу 7.500 работници ќе одат во пензија во редовна процедура, а за останатите ќе биде продолжена програмата за предвремено пензионирање.
- Овој план треба да биде договорен со синдикатите, изјави портпаролот на француската компанија.
"Рено", како и многу други европски производители, e соочен со помала побарувачка на автомобили. Бидејќи таа најчесто им зависи од земјите каде владее кризата. Автомобилските групации како "Јагуар Ленд Ровер" или некои германски производители, го надоместуваат губитокот во Европа со зголемување на продажбата во другите земји во светот.
Слично
