Рендген снимка покажува што коронавирусот им прави на белите дробови на човекот
Рендгенска снимка на пациентка заразена со коронавирус на најдобар можен начин прикажува што овој вирус им прави на белите дробови.
Имено, пациентка која се лекува во болницата Ландџоу во Кина, првично имала симптоми со температура од 38,8 степени, откако со денови кашлала и чувствувала „пукање“ во белите дробови.
Лекарите по само неколку часа и дијагностицирале коронавирус откако е заклучено дека има многу мал број леукоцити (бели крвни зрнца) во крвта.
Откако и е направен рендгтен на белите дробови резултатите покажале делумна исполнетост со течност односно со т.н. млечно стакло. Како што и вие можете да забележите на фотографијата , течноста е поизразена на втората слика, која е направена три дена откако почнала да ја зема терапијата.

Foto: pubs.rsna.org/Junqiang Lei, Junfeng Li, Xun Li
Кај ретки пациенти заразени со вирусот доаѓа до инфекција која може да доведе до воспаление, кое е опасно по животот бидејќи предизвикува таложење на течности во белите дробови.
Пациентката чија снимка е направена, започнала терапија со инхалација од протеин интерферон кој најчесто се користи во лекување на респираторни инфекции.
Освен тоа, наодот „млечно стакло“ само по себе „не е од посебна помош“, во идектификување на коронавирусот бидејќи може да се појави на рендгенски снимка после бактериска, вирусна инфекција , па дури и после пушење електронски цигари, но исите бели дамки биле карактеристични кај заразени со вирусот САРС и МЕРС.
Имено, досега овој вирус во Кина однесе над 330 животи а Русија го блокираше железничкиот сообраќај со таа земја.
