Рен: Клучот за излез од кризата е кај Грција
Клучот за излез од кризата е во рацете на Грција, но под услов, ако државата продолжи со програмата за финансиска консолидација, изјави еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.
Тој наведе дека подлабоката од очекуваната рецесија на економија и високата стапка на невработенбост во Грција е поради политичката нестабилност, како и неимплементирањето на програмата за структурни реформи.
Европската комисија прогнозира дека годинава рецесијатра во Грција ќе биде 4,4 отсто, а економскиот раст земјата ќе има следната година, кога се очекува пораст на бруто домашниот производ од 0,6 проценти.
Според прогнозите стапката на невработеност во Грција годинава ќе биде 27 отсто, а во 2014 година се очекува мал пад на 25,7 проценти.
