Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рен: Италија многу бавно го намалува долгот

Рен: Италија многу бавно го намалува долгот
Италија не успева доволо брзо да го намали јавниот долг, иако најлошиот пероид до кризата е позади неа -изјави комесарот за економски работи, Оли Рен. „Италија би требало да го почитува одреденото темпо на смалување на долгот, но тоа не го прави . Структурното прилагодување треба да биде еднакво на половината од процентниот поен на бруто домашниот производ (БДП) и изнесува се на се 0.1 посто , заради што Италија нема простор за маневрирање‘‘ изјави Оли Рен за  агенцијата Франц Прес. Комесарот наведува дека „кошмарот‘‘ од 2011 , кога Италија била во центарот на бурите  на финансискиот пазар, е завршен, додавајки дека се сомнева дека, приватизацијата и контролата на потрошувачката ќе успеат да го намалат јавниот долг  доволно брзо. Италија која беше погодена од рецесијата  се бори да ја зголеми конкурентноста , а нејзиниот долг моментално изнесува околу 134 посто од БДП- што е по висина втор долг во ЕУ, после Грција. Пропишаниот лимит на јавниот долг на земјите во ЕУ изнесува 60 посто. Рим изминатиот месец најави продажба на учеството во осум компании, вклучувајки го енергетскиот гигант Ени, кој во државната каса треба да донесе 12 милијарди евра. Рен напоменува дека Италија има огромен потенцијал за раст, но дека е неопходно да се реформираат економскиот и правниот систем.
Слично

Поврзани вести