Рен го отфрли предлогот на Рединг за распуштање на „тројката“
Еврокомесарот за економска политика, Оли Рен, денеска го отфрли предлогот зараспуштање на „тројката“ под образложение дека „на Европа и е потребно здруженото знаење на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија (ЕК)“.
Тој, во одговор на прашањето поставено од Ројтерс, потсети дека „тројката е формирана во 2010 година на иницијатива на членките на еврозоната, како клучен елемент на одговорот на кризата со која се соочи Грција“.
Еврокомесарката за правда, Вивиан Рединг, неделава побара распуштање на „тројката“, која според нејзиното мислење „го дала своето“, нагласувајќи дека на ЕУ повеќе не и е потребна помошта на ММФ при решавањето на проблемите.
Слично
