Ременот со експлозив на напаѓачот во Париз бил лажен
Експлозивната направа, која била врзана на телото на убиениот пред полициска станица во квартот Гут д'Ор во 18 и област на Париз, не била вистински. Ова го соопшти „BFM“, повикувајќи се на свој извор.
Од полицијата соопштија дека напаѓачот носел уред кој може да е појас со експлозив. За целта на местото беше испратен робот со кој беше испитуван трупот.
Мажот беше застрелан откако се обидел да влезе во полициската станица објави „Le Parisien“ и дека во нападот е повреден еден полицаец.
Областа е целосно затворена. Полицијата им наредила на минувачите да се сокријат во продавниците, а железните завеси да бидат спуштени.
Слично
