Економија, финансии, бизнис

Контакт

Религиозен фанатик со мачетa на Универзитетот Колорадо

Религиозен фанатик со мачетa на Универзитетот Колорадо

Maж со мачета ги загрози луѓето во кампусот на Универзитетот на Колорадо, по што беше фатално застрелан од полицијата, пренесоа светските агенции.

Тој бил религиозен фанатик според едно локално издание. Скот Пајбал, портпаролот на полицијата во универзитетскиот кампус во градот Болдер, рече дека полицајците добиле сигнал за маж со мачета во кампусот и реагирале веднаш. 

Мажот бил на паркингот на фудбалскиот стадион на кампусот, а потоа влегол во зградата на спортскиот комплекс. Тој не застанал на наредбата на полицајците и не го фрлил оружјето. Тогаш полицајците пукале во него и тој починал од повредите.

Мелиса Зак, началничката на полицијата на кампусот, не сакаше да соопшти дали напаѓачот со мачета бил студент, дали имал криминално минато или психијатриски проблеми.

Локалниот весник „Болдер камера" цитира извор близок до истрагата, според кој, мажот со мачета бил религиозен фанатик и го слушнале кога кажал дека бара грешници.


Слично

Поврзани вести