Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕКОРДНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО КАНАДА: Повеќе од 130 луѓе починаа поради врелиот бран кој донесе 49,5 степени

РЕКОРДНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО КАНАДА: Повеќе од 130 луѓе починаа поради врелиот бран кој донесе 49,5 степени

Во Канада веќе се регистрирани повеќе од 130 луѓе кои починале како последица од жешкиот бран во земјата. Најмногу на удар се повозрасните и луѓето кои имаат хронични заболувања, наведува британскиот сервид Би-Би-Си.

-Веруваме дека жештината придонела за смртта на 65 луѓе во Ванкувер. Во предградието Барнаби има 34 починати, а во областа Сури – 38. Ванкувер никогаш досега не искусил вакво нешто, изјавија од полицијата во Ванкувер.

Многу домови во Британска Колумбија немаат клима-уреди, зашто летните температури вообичаено се умерени. Во регионот се отворени повеќе фонтани и привремени центри за разладување на граѓаните.

Канада вчера го урна рекордот во највисока измерена температура од 49,5 Целзиусови степени во гратчето Литон во Британска Колумбија. Пред оваа недела, во Канада никогаш не биле измерени повеќе од 45 степени.

ФОТО: THE CANADIAN PRESS/Graham Hughes

Слично

Поврзани вести