Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордно ниско ниво на инфлација во еврозоната

Рекордно ниско ниво на инфлација во еврозоната
На 18-те земји-членки на еврозоната им се заканува дефлација.  Инфлацијата во зоната на еврото, на изненадување, е на најниското ниво во последните четири години.
Годишна стапка на поскапувања, според мартовските проценки на Евростат, изнесува само 0,5 проценти. Минатиот месец, февруари, стапката изнесуваше 0,7 проценти. Вакво ниско покачување на цените последен пат имаше во ноември 2009 година, соопшти Евростат. Со ваквиот развој стапката на инфлација, еврозоната натамошно се оддалечува од целта на Европската централна банка (ЕЦБ) од речиси 2,0 проценти, која експертите за монетарната политика ја сметаат за гарант на стабилноста на цените. Оттука расте и притистокот врз ЕЦБ да ги држи ниски каматите или натамошно да ги намалува. ЕЦБ изминатиот ноември ја намали основната каматна стапка за рекордно ниско ниво од 0,25 проценти и со тоа реагираше на нискиот општ пораст на цените. Оттука, ЕЦБ има малку простор за корекција преку основната каматна стапка, но со продажба на хартии од вредност би можела да се спротивстви на опасностите од дефлација.
 
Слично

Поврзани вести