Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордно ниско ниво на екстремната сиромаштија во светот

Рекордно ниско ниво на екстремната сиромаштија во светот

Бројот на луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија во целиот свет најверојатно ќе падне под 10 проценти од светското население во 2015 година, според предвидувањата на Светската банка.

Извештајот дава надежи дека намалувањето на сиромаштијата во светот се движи кон историско ниво и може да доведе до крај на сиромаштијата до 2030 година.

Според последните податоци оваа година најсиромашни луѓе на планетата се 702 милиони луѓе, или 9,6% од светското население.

Во 2012 година, тие биле 902 милиони или 12,8 отсто од населението во светот.

За споредба, нивниот удел во 1999 година беше 29%. Претседателот на Светската банка Џим Јон Ким соопшти пред новинарите дека институцијата го крева прагот под кој се смета дека човек живее сиромашно, од 1,25 на 1,9 долари на ден.

Ким изјави дека тековниот пад на сиромаштијата се должи на силните стапки на раст во земјите во развој во последниве години, како и на инвестициите во образованието и здравството.

Тој, сепак, предупреди дека со одложувањето на глобалниот економски раст, како и луѓето кои живеат во нестабилни и погодени од конфликти земји, целта да се стави крај на сиромаштијата останува многу амбициозна.

"Ние можеме да ја најдеме првата генерација во историјата која ќе ја надмине екстремната сиромаштија", вели претседателот на банката Џим Јон Ким.

Екстремната сиромаштија расте во Африка, јужно од Сахара, каде оваа година влијае над 35 отсто од населението.

Во април 2013 година, девет месеци откако Ким стана претседател на бордот на Светската банка, тој ја усвои целта да се стави крај на сиромаштијата до 2030 година.

Слично

Поврзани вести