Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордно ниски камати во Австралија

Рекордно ниски камати во Австралија
Централната банка на Австралија ги намали каматните стапки на нов минимум од 2,5 отсто, подгревајќи ги стравовите од ново економско забавување во очи на изборите закажани за 7. септември, пренесува агенцијата Франспрес. Банката на резерви на Австралија (RBA) ја намали клучната каматна стапка за 25 базни поени на ниво незабележано од оснивањето на банката во 1959 година. Гувернерот на RBA, Глен Cтивенс, ги наведе падот на инфлацијата и на малопродажбата како причина за намалување на каматните стапки. „Економијата бавно напредуваше во последните година дена. Cе очекува таквиот тренд да продолжи и во иднина, имајќи предвид дека стопанството се прилагодува на намалувањето на инвестициите во рударството“ - додал Cтивенс.  
Слично

Поврзани вести