Рекордни казни за европските банки?
Регулаторните тела на Европската унија се блиску до наметнување на солидни казни на големите банки поради обвинувањата за обид за манипулација на индикаторите на каматни стапки . Се очекува казните за шесте банки да бидат објавени следниот месец , кога ќе биде и крајот на истрагата дали банките ги местеле индикаторите како London interbank offered rate ( Libor ) и Euro interbank offered rate ( Euribor ) .
Истрагата од страна на ЕУ трае повеќе од две години . Казните најверојатно ќе изнесуваат стотици милиони евра за помалите банки и ќе се приближуваат кон границата од една милијарда евра за банките гиганти , кои според регулаторните органи се одговорни за манипулирање на каматната стапка .
При таков тек, предметните парични казни би се наредиле меѓу најголемите наметнати некогаш во ЕУ . Банките , кои се очекува да бидат казнети , се француските Credit Agricole и Societe Generale , германската Deutsche Bank , британските HSBC Holdings и Royal Bank of Scotland , како и САД J. P. Morgan Chase & Co . Barclays најверојатно ќе се извлече од солената казна поради силна соработка со регулаторните тела на ЕУ .
Слично
